Камп на иновации во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија 22-23.02.2022

Posted on: 23.02.2022

Џуниор Ачивмент Македонија на 22-23 февруари 2022, го организираше Кампот на иновации – натпревар во претприемнички вештини за ученици од средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Кампот на иновации  е дводневен настан во кој учениците работат во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис предизвик. Тие преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од волонтери од бизнис заедницата, го користат своето знаење, применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот. 

Преку организирање на ваков тип на настани ги продолжуваме заложбите за зголемена финансиска писменост кај младите. Учениците се мотивираат да размислуваат проактивно, да запознаат претставници од бизнис секторот и локалната заедница. Секој ученик добива сертификат за учеството и му се отвора можност да добие вредна награда.  

На натпреварот кој се одржи на 22 и 23 февруари, учествуваа 40 ученици кои беа вклучени во Програмата за ученичка компанија оваа учебна година, распределени во 5 тима по 8 ученици.

Учениците од прва до четврта година со помош на волонтери од локалната бизнис заедница понудија интересни решенија на зададениот предизвик, но само три тима беа најдобри.

Првото место му припадна на тимот број 4 со нивната бизнис идеја SOLAR PRO, второто место го освои тимот број 2 и нивната идеја ECO SUN BIKE, а третото место освои бизнис идејата Ride Tech на тимот број 1.

Организацијата Џуниор Ачивмент Македонија веќе 4 години организира ваков тип натпревари, како и голем број на обуки и работилници посветени на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготвеност за работа на младите. Сите ученици кои се дел од овој натпревар стануваат дел од алумни клубот на организацијата и им се отвора можност за патување и поврзување со илјадници млади луѓе во Европа. 

Повеќе слики од настанот може да најдете на следниот линк – https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1578194462543549&type=3