Онлајн обука за наставници за спроведување на програмата Ученичка компанија – 10,11 и 14 февруари 2022
Posted on: 10.02.2022
17 наставници од 10 средни училишта од 9 градови одБерово, Богданци, Велес, Куманово, Лозово, Пробиштип, Скопје, Тетово и Штип беа дел од 3-дневна онлајн обука за спроведување на програмата Ученичка Компанија на 10ти, 11ти и 14ти февруари 2022.
Обуката беше спроведена од двајца сертифицирани обучувачи на динамичен и интерактивен начин, полн со информации и содржини кои придонесуваат за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничко образование и како да се користи во наставниот процес. За време на обуката наставниците се запознаа со чекорите кон основање ученичка компанија, креирање бизнис план, организациска структура, маркетинг микс, финансиска и SWOT анализа. Дополнително на учесниците им беше презентираната новата усвоена Програмата на ученичка компанија на Џуниор Ачивмент, УЧЕНИЧКА КОМПАНИЈА – ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРАКТИКА ЗА МЛАДИ, во предмет содржини програмирани од училиштето, за III година за сите струки/сектори и образовни профили/квалификации, со фонд 72 часа.

