Обука за наставници на тема „Социјално претприемништво“ – 27 – 28.01.2022, Велес

Posted on: 03.02.2022

18 наставници од 13 средни училишта, вклучени во програмата за Ученички компании, беа дел од дводневната обука на тема „Социјално Претприемништо“ 27-28 јануари 2022 година во Велес. 

Преку вовед во фундаментални прашања и терминологија на социјално претприемништво, наставниците се запознаa со социјален бизнис модел, начини на вклучување на социјално претприемништво во училишни активности и начини на поддршка на ученичките компании како социјални претпријатија. 

Во текот на вториот ден од обуката, на наставниците им беа презентирани активностите на ЈА Македонија како што се процесот на сертификација на ESP, програмата Girls Go Circular, програмата PMIEF и GEN-E фестивалот, како и новиот проект на EUKI Panda Laps Junior for Just Transition, и повик за апликации за Најпретприемничко училиште на годината, награда за Наставник на годината и Етичка дилема во бизнис.