Презeнтирање на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ на обуката за наставници на тема Социјално претприемништво

Posted on: 31.01.2022

За време на обуката за Социјално претприемништво организирана од Џуниор Ачивмент Македонија, активностите предвидени во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ беа промовирани пред наставници од различни градови во земјата. Во текот на двата дена, наставниците го искажаа својот став овие активности, особено внесувањето на образовни модули за климатски промени, праведна транзиција, иновации и зелено претприемништво, е потребно во сите средни училишта во државата.