Средба со претставници од Шпаркасе банка – 20.12.2021

Posted on: 20.12.2021

Џуниор Ачивмент Македонија продолжува со успешната соработка со Шпаркасе банка, која покрај подршката за наставници вклучени во нашите програми, на 20 декември организираше виртуелна средба со учениците кои беа дел од изминатите Кампови на иновации и учениците кои се вклучени во програмата за ученичка компанија оваа учебна година.

За време на средбата, учениците се запознаа со нивната работа, нови продукти и програми што ги нуди Шпаркасе банка за финансирање на бизнис идеи за млади луѓе. Преку организирање на ваков вид на настани ги продолжуваме нашите заложби за зголемена финансиска писменост кај младите.