Средби со наставници вклучени во Програмата на Џуниор Ачивмент Македонија – септември 2021

Posted on: 30.09.2021

Во текот на месец септември беа одржани 4 средби со наставници вклучени во нашите програми. 43 наставници имаа можност да споделат искуства и предизвици со кои се соочија измината учебна година и да дознаат за планот на активности за оваа учебна година. Слушнавме конкретни предлози на кој начин можеме да ги поддржиме нив и нивните ученици во имплементацијата на програмата за ученичка компанија. Останатите кои не беа во можност да ги проследат сесиите ги оставија своите коментари и забелешки во нашиот прашалник.