Успешна реализација на мобилноста-двонеделна пракса 1-15 септември 2021 во рамки на проектот поддржан од ЕРАЗМУС-Програма за хотелска пракса (ПХП): Добијте квалификација на време! 

Posted on: 17.09.2021

Практичната пракса во Бугарија се спроведе во периодот 1-15 септември 2021 година во хотел во близина на Балчик, Бугарија. 

Проектот го спроведе  Џуниор Ачивмент Македонија во конзорциум на училиштата: СУГС Лазар Танев, Скопје; СОУ Ванчо Питошески од Охрид и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево, а во поддршка од организацијата домаќин, Бугарски младински форум од Варбово, Бугарија. 

Преку проучување на европските модели за обука на работното место во туристичкиот сектор 15 ученици имаа можност да бидат водени низ двонеделен процес сличен на работа во реалниот живот и работејќи рамо до рамо со вработените во хотелот Бела Лагуна со 5 ѕвезди.  

Менаџментот на хотелот понуди врвен кадар кој изрази подготвеност да учествува во едукацијата на учениците во секој дел од хотелот.   

Преку пракса во готвење, служење на бар, во кујна, на рецепција и останатите делови од хотелот тие се стекнаа нови вештини и компетенции барани во секторот. Опкружени од мултикултурното работно опкружување, со вработени и гости од разни земји тие ги подобрија своите лингвистички вештини и комуникација со гости.  

Како што изјави г-дин Стефанов, извршен директор на хотелот: 

“Ова е првпат да имаме соработка од ваков тип на проекти. Тоа е одлична можност за нашиот хотел да се сретне со ученици заинтересирани за угостителство и туризам од друга земја и да им го претставиме нашиот бизнис на практикантите како идна опција за кариера. Во туристичката индустрија, од суштинско значење е вработените да бидат професионални и среќни, бидејќи нивниот став силно се одразува на самиот бизнис. 

Јас лично и другите менаџери овде сме задоволни од учениците, од нивното однесување според политиките на нашата компанија и работливост. 

Ги гледам веќе како наши идни вработени! “ 

Според наставниците ментори ваков тип на проекти ќе придонесе за стекнување потребни вештини и компетенции во одговор на побарувањата од компаниите во туристичкиот сектор во секој од вклучените градови Охрид, Крушево и Скопје. Проектот допринесе за личен развој кај учениците, тимска работа, општо задоволство кај менаџерите и вработените во хотелот. Секако дружењето со другите ученици и вработените од различни националности им отвори можност да понесат позитивни искуства, можности за добивање на понуди и препораки за реализирање на следни проекти, вработување. Мобилноста имаше позитивен бенефит за учениците и од социјален и култоролошки карактер, учениците се стекнаа со знаење за  култура, традиција, храна и навики од земјата домаќин Бугарија. 

На финалниот настан во хотелот на 15ти септември, учениците добија сертификати за успешна пракса од хотелот од организаторотЏуниор Ачивмент Македонија и партнерот домаќин Бугарски Младински Форум, заедно со Документот за мобилност Еуропас. 

Промоцијата на проектот ќе продолжи во месец октомври, по враќањето на учениците, каде во секој од градовите бизнис заедницата, компаниите од туризмот и општината ќе ги слушнат успешните приказни на учениците! 

Проектот (ПХП): Добијте квалификација на време! е поддржан од програмата Еразмус+ на Европска Унија / КА 1-Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука