ПОЧЕТОК: Нацинален натпревар на ученички компании 2021- 10.05.2021

Posted on: 10.05.2021

Започна четвртиот по ред Натпревар за најдобра ученичка компанија!

23 ученички компании од 14 средни училишта кои беа дел од програмата за ученички компании оваа учебна година, сега ќе имаат можност истата да ја презентираат пред јавноста и стручната жири-комисија!

Преку креирање на ученичка компанија, учениците имаат можност да дознаат повеќе за процесот на отпочнување сопствен бизнис, правење на бизнис план и презентирање на својата компанија пред јавноста. Се надеваме дека во нив ќе се развие претприемачкиот дух и дека наскоро ќе имаме нови млади и успешни претприемачи! Им посакуваме среќа на сите учесници!

Благодарност за поддршката USAID North Macedonia, Фонд за иновации и технолошки развој и Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија