Најава на Национален натпревар на ученички компании 2021

Posted on: 10.05.2021

На повидок ни е Националниот натпревар на ученички компании !!!

Учениците кои во текот на учебната година работеле на развивање на своите идеи, ќе имаат можност од 10-31 мај да се претстават и натпреваруваат за титулата Најдобра ученичка компанија за 2021 год.

Победникот на Националниот натпревар ќе земе учество на Европскиот натпревар за ученички компании, рамо до рамо со националните победници од другите европски земји.

Следете не за да бидете во тек со натпреварот!