Вебинар: ПРАКТИЧНА РАБОТА И ОБУКА КАКО ПРЕДИЗВИК ВО ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО УЧЕЊЕ – 15 април 2021

Posted on: 16.04.2021

Џуниор Ачивмент Македонија го приближи концептот на претприемништво до 81 гости, средношколци и наставници во средни училишта, претставници на невладини организации, донатори, бизниси, претставници од општини, волонтери за бизнис и алумни на ЈА на вебинарот на тема ПРАКТИЧНА РАБОТА И ОБУКА КАКО ПРЕДИЗВИК ВО ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО УЧЕЊЕ кој се одржа на 15 април 2021 год.

За време на вебинарот на присутните им се обратија:

  • Елизабета Јовановска Радановиќ- Советник за сектор за економија право и трговија од Центарот за стручно образование и наука
  • Анета Пејоска- Директорка на СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп
  • Арбен Кривењава- Наставник во СУГС „Арсени Јовков“ во Скопје
  • Анета Петровска Русомароски- Раководител на одделот за човекови ресурси и организација во ЕВН Македонија
  • Весна Ивановска- Генерален менаџер на Сивус едукација и центар за развој
  • Марија Стефковска- од секторот за стручно образование во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
  • Владо Цекиќ- Основач и Директор на Sqrone

Преку ставови, презентирани од различни засегнати страни вклучени во образовниот процес, образовните институции и деловниот сектор, ЈА Македонија иницираше дебата околу стручното образование, практичната наставаа, објавувајќи ги следниве прашања:

  • Колку претприемничкото образование може да придонесе кон модернизација на стручното образование; Дали одредени методологии во образовниот систем е потребно да се подобрат во одговор на новото време;
  • Кои се предизвиците со кои се соочува наставниот кадар во средно стручно образование. Какви вештини и компетенции се потребни кај учениците?
  • Што мислат компаниите кои ја поддржуваат практичната работа и овозможуваат образование до вработување? Искуства од дуалното образование од компаниите, учениците и училиштата.
  • Кои се новите концепти и програми во поддршка на средното стручно образование во земјава.

Џуниор Ачивмент Македонија ќе продолжи со напорите за зголемување на свеста за важноста на претприеничкото образование во нашата земја и за создавање партнерства со сите релевантни чинители во општеството.