Камп на иновации- 3-15 март 2021

Posted on: 11.03.2021

Над 100 средношколци ширум земјава ќе земат учество на натпреварот на средношколци во претприемачки вештини- Камп на иновации. Онлајн натпреварот ќе се одржува онлајн 3-15 март, 2021

Тимската работа и иновативни решенија ќе бидат клучни за одговарање на предизвикот кој им претстои на средношколците, а на кој ќе работат заедно со помошта на нашите бизнис волонтери. Ова натпреварување ќе им овозможи на учениците што поблиску да се запознаат во современиот начин на работа преку средба со претставници од бизнис сектор, локална заедница или професори кои ќе им даваат совети -како до добар бизнис план и победа. 

Најдобрите три тима ќе имаат можност да освојат вредни награда за себе, но и да го претстават своето училиште на натпреварот. Прогласувањето на победниците ќе се одржи на 15-ти март на платформата  зум и сите заинтересирани ќе може да се приклучат да ги слушнат првонаградените идеи на учениците.