Повик за бизнис волонтери- Џуниор Ачивмент Македонија 

Posted on: 17.12.2020

Од 2017 година до денес  во програмите за претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија се вклучија повеќе од 1,500 ученици. Секоја учебна година овие ученици со помош на нивните наставници ментори, основаат ученичка компанија и развиваат бизнис идеја, учествуваат во натпревари на национално и европско ниво и земаат учество во процесот на сертификација на нивни претприемнички вештини. Работата на учениците во голем дел отвора прашања од одредени индустрии чиј одговор може да го дадат бизнис луѓе кои се експерти во дадената област.  

Од тие причини Џуниор Ачивмент Македонија е во постојана потрага по соработници од бизнис секоторот во земјава, а кои би сакале да одвојат дел од своето време и да ја споделат својата експертиза и знаење со учениците.  

Ве покануваме да станете дел од мрежата на бизнис волонтери и ментори на Џуниор Ачивмент Македонија и помогнете  во развивањето на нашата мисија – да ги инспирираме и подготвиме младите за успех во глобалната економија, преку развивање на програми за претприемничко образование и градење партнерства меѓу бизнисите и образованието. Само за пример во текот на изминатата учебна година, повеќе од 130.000 бизнис волонтери од мрежите на Џуниор Ачивмент Европа, се поврзаа да работат  со средношколците помогнаа во развојот ученичките компании, ги советуваа  во различни области од индустријата каде работат. Кај нас од почетокот на програмата до сега се вклучија 60 бизнис волонтери од земјава во улога на членови на жири комисија, ментори, обучувачи и бизнис советници. 

  • Зошто да се приклучите?  
  1. Научете нешто ново! За време на волонтирањето можете да поттикнете вештини и знаење кај другите, но и да ги истражувате вашите лични вештини и достигнувања. Менторството  на други ќе ви помогне да го освежите вашето знаење на различни теми. 
  2. Пренесете знаење! Дали сте добиле совет или поддршка од друга личност додека ја развивавте вашата кариера? Сега имате совршена можност да воз вратите. Силата на охрабрување е неограничена: младите што ги инспирирате сега ќе имаат можност да им помагаат на другите во иднина! 
  3. Донесете ја општествената одговорност на ново ниво! Како волонтер, влијаете на вештините и компетенциите на идната генерација. Што значи да се биде бизнис волонтер во програмите за претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија?  

Работата на волонтерот е лесна.  доволно е да  бидете подготвени да одвоите време и да го споделите вашето знаење и искуство со младите и да бидете посветени на идејата.  

  • Како и кога може да се вклучите? 

Во било кој момент во текот на учебната година пишете ни на info@jamacedonia.mk и ние ќе ве поврземе со учениците вклучени во програмата за Ученичка компанија! 

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШАТА МРЕЖА НА БИЗНИС ВОЛОНТЕРИ И МЕНТОРИ, СПОДЕЛУВАЈЌИ ГО ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ, ВЕШТИНИ И ВРЕМЕ СО ИДНИТЕ МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА!