Камп на иновации: 25 ноември – 09 декември

Posted on: 22.11.2020

100 средношколци ширум земјава ќе земат учество на Кампот на иновации- натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на Џуниор Ачивмент Македонија.
Во текот на следните две недели, од 25 ноември до 9 декември 2020 година  средношколците ќе го искористат своето знаење за да одговорат на поставената задача во областа на банкарски сектор, применувајќи претприемнички вештини и со тимска работа ќе изнајдат иновативни решенија.
Кампот на иновации е натпревар на кој учениците добиваат “бизнис предизвик” – задача што претставува еден од актуелните бизнис проблеми во земјава. Тимовите, со помош на бизнис волонтери, осмислуваат решение на задачата и го презентираат пред петчлената жири комисија.
Џуниор Ачивмент Македонија се залага за партнерства со училиштата, владини институции и невладини организации, како и активна вклученост на  бизнис заедницата на секој наш настан. Ова натпреварување ќе им овозможи на учениците што поблиску да се запознаат во современиот начин на работа преку средба со претставници од бизнис сектор, локална заедница или професори од академија кои ќе им даваат совети -како до добар бизнис план и победа.
Поради новонастаната ситуација со пандемијата натпреварот ќе се одвива по вирутелен пат.
Преку учеството учениците ќе ги зајакнат дигиталните вештини за презентирање, тимска работа и умешно претставување пред жири комисија- вештини кои им се потребни за интервју за работа или интервју за упис на курс, факултет или воопшто во животот.
Трите најдобри тима ќе имаат можност да освојат вредни награда за себе, но и да го претстават своето училиште на натпреварот.
Двонеделното дружење со Џуниор Ачивмент Македонија ќе ги доближи до програмските активности и ќе им отвори можност да станат дел од алумни клубот и да се поврзат со илјадници млади членови на ЏА Европа.
Џуниор Ачивмент Македонија веќе 3 години организира ваков тип натпревари (видео записи од претходни кампови може да погледнете тука), како и голем број на обуки и работилници посветени на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготвеност за работа на младите.
Натпреварот е подржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој, Фондот за иновации и технолошки развој и Шпаркасе банка, а се реализира од организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, основана 1919 г. денеска присутна во повеќе од 120 земји. Оваа мрежа ги спроведува програмите за претприемничко образование и финансиска писменост на скоро сите континенти и секоја година нејзините програми ги посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе.
Прогласувањето на победниците ќе се случи на 9ти декември на платформата MS Teams. Церемонијата за прогласување е од отворен тип и сите заинтересирани ќе може да се приклучат да ги слушнат првонаградените идеи на учениците.