Џуниор Ачивмент Македонија Алумни- Бронзена нација на европско ниво

Posted on: 15.11.2020

Нашиот алумни клуб се здоби со статусот Бронзена нација на европско ниво! Прогласувањето се случи викендов, за време на виртуелната конференција на националните координатори на европските Алумни клубови #eNCM. Честитки до Junior Achievement Macedonia Alumni, што успеавте да ги исполните вашите цели и секако трудот што го вложивте во вашата работа и покрај потешкотиите со кои се соочивте во ова време. Повеќе за искуството на нашите алумнисти за време на европската конференција, може да најдете на нивата инстаграм страна @ja_alumni_macedonia.

Доколку вие сакате да станете член и да се вклучите во активностите на алумни клубот на Џуниор Ачивмент Македонија, тоа може да го направите преку пополнување на следниов формулар   https://forms.gle/A5wfcBtxVv9zRxKXA