Национална конференција за претприемачко учење- НМСМ 29.10.2020

Posted on: 15.11.2020

На 29 октомври 2020 имавме чест да бидеме еден од панелистите на националната конференција за претприемачко учење во организација на Национален младински совет на Македонија. Националната конференција се одржува со цел размена на практики помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор и заложба за промоција и понатамошно развивање на претприемачкото учење.