Обука за наставници 21,22-26 октомври на тема: Дигитален Маркетинг 

Posted on: 03.11.2020

На 19 наставници од 15 средни училишта од регионот на Скопје, Охрид, Велес, Кочани, Валандово, Прилеп, Гевгелија, Богданци, Куманово, Гостивар им беа дадени насоки како да го интегрираат дигиталниот маркетинг во маркетинг планот на Ученичките компании. 

Наставниците кои беа дел од обуката го збогатија своето знаење и искуство во дигиталниот маркетинг, ја научија важноста на одредување на социјалните медиуми што ги користи нивната таргет група и други корисни алатки за дигитален маркетинг што може да се применат во Ученичките компании, оваа учебна година. 

Содржината на првиот ден од обуката беше запознавање со дигиталниот маркетинг, основните разлики помеѓу дигиталниот и традиционалниот маркетинг, вовед во оптимизација на пребарување и Google Ads, водед во Lead Magnet и начини за насочување на целната група кон вашите дигитални медиуми. На учесниците им беа презентирани неколку корисни алатки за креирање графики (Canva, No Background, Pixabay, Pexcels итн.) како и список на корисни линкови за анализа на клучни зборови и пребарување фонт. 

Содржината на вториот ден од обуката беа темите: маркетинг на социјалните медиуми – вовед во Фејсбук маркетинг, креирање реклами и поставување тест А / Б за топол и ладен сообраќај, вовед во Инстаграм маркетинг и употреба на хаштаг. Вториот ден од обуката беше заклучен со гостин говорник – г-ѓа Јана Басаровска, претприемач со искуство во водење веб-продавница, која ги сподели придобивките и важноста на дигиталниот маркетинг во денешно време и нејзиното позитивно искуство во соработката со влијателните корисници на Инстаграм платформата (ифлуенсери). 

Содржината на третиот ден од обуката беше фокусирана на темите: основни карактеристики на веб-страница и веб-продавница, избор на содржина за веб-платформи – блогирање, галерии, целни страници, видео содржина, аудио подкаст и основи на е-меил маркетинг. Третиот ден беше заклучен со гостин говорник, Марија Мишева – развивач на деловни активности во Pixyel.ai. 

Наставниците  кои беа дел од обуката ќе добијат сертификат, пакет промо материјали, брошури и прилози по пошта.