Состанок на на ден 19.10.2020 на клучни партнери во проектот Еразмус „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија 

Posted on: 23.10.2020

Џуниор Ачивмент Македонија во своите простории одржа состанок со претставник од Бугарски младински форум (БМФ) од Бугарија, г-дин Божидар Цветков, во врска со имплементацијата на  проектот „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ кој официјално започна во август месец и е поддржан од Еразмус плус програмата 

На состанокот беа дискутирани дел од предизвиците со новонастанатите услови со пандемијата и засилените рестриктивни мерки, одложувањето на почетокот на учебната година за еден месец и непредвидливоста во изведбата на практична работа во самите училишта, како и следни чекори во подготвителните активности за мобилноста и начинот на комуникација со сите 3 средни стручни училишта вклучени во проектот: СУГС Лазар Танев, Скопје; ОУТУ Ванчо Питошески од Охрид и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево. Се разгледа и предлог листа со хотели како потенцијално место на одржување на праксата. 

Дел од заклучоците од состанокот се дека партнерите ќе започнат со сите подготвителни активности во проектот; Ќе се користат сите можни дигитални алатки и онлајн платфомри за состаноци и комуникација меѓу партнерите; ЏАМ ќе организра состаноци со претставници од училиштата во следниот период; БМФ ќе продолжи комуникација со хотелите; ЏАМ ќе предложи нацрт договор за потпишување меѓу партнерите; Во следен период ќе се продолжи со редовна комуникација за изводливоста на праксата во април месец следната година.