„Претприемничкото образование како начин за модернизација на образованието и наставата“ на 04 октомври 11-13

Posted on: 04.10.2020

Го заклучивме вториот од 3те вебинари кои се дел од виртуелната конференција „Забрзан раст на претприемничкото образование“ која е дел од проектните активности во рамки на проектот “Поддршка на претприемничко образование во Европа и Евроазија” насловен “Претприемничкото образование како начин за модернизација на образованието и наставата„. Огромна благодарност до сите кои беа вклучени на вебинарот, особена благодарност до спикерите и интересните дискусии кои ги начнаа за време на нивните излагања. Секако изразуваме особена благодарност и на нашите поддржувачи USAID North Macedonia , Фонд за иновации и технолошки развој , Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија , без кои не би можел да се одржи овој вебинар.