Повик за избор на обучувач за спроведување на обука за наставници од средно образование- тема: Социјално претприемништво

Posted on: 11.09.2020

Џуниор Ачивмент Македонија во рамки на проектот “Поддршка за претприемничко образование во Европа и Евроазија” финансиски поддржан од УСАИД и ФИТР распишува отворен повик за избор на обучувач за спроведување на обука за наставници од средно образование на тема социјално претприемништво.  

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на наставниците во спроведување на програми за претприемничко учење кои ќе им овозможат на младите луѓе да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини. Обуката за наставници треба да им овозможи продлабочени знаења и вештини на тема социјално претприемништво. Најпосакуван резултат е секој од  наставниците по завршените обуки да умее да ги пренесе стекнатите знаења на темата на учениците вклучени во ученичката компанија. 

Планираната обука ќе се одржи по дигитален пат (онлајн) на некоја ИТ платформа во периодот од 1-ви Октомври до 20-ти Декември 2020 година во договор со извршната канцеларија и наставниците.  

Успешниот кандидат треба да ги исполнува следните критериуми: 

  • Да има релевантно знаење и искуство во област на социјално претприемништво 
  • Да има најмалку 5 години професионално искуство во спроведување обуки  
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува 

    Постапка за изразување интерес: 
    Со цел да се пријавите за обучувач, треба да испратите: 
  • Предлог програма за тродневна обука за наставници на тема социјално претприемништво  (теоретски и практичен дел) 
  • Финансиска понуда изразена во нето сума по ден 
  • Три препораки/референци од слични работни ангажмани за одржани обуки на темата  

Рок за пријавување на отворениот повик е 24-ти Септември 2020 година до 16:00 часот. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на info@jamacedonia.mk 

Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: info@jamacedonia.mk  до 17-ти Септември 2020 година

Изборот на обучувач ќе биде направен една недела од прием на пријавите врз основа на претходно утврдени критериуми за оценување, по што ќе следи работна сесија за подготовка на обуката со извршната канцеларија на ЏА Македонија.  

За нас 

Џуниор Ачивмент Македонија спроведува образовни програми во средните училишта низ земјата. Преку врвни обуки, за подготовка за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, создава патеки за вработување и создава нови работни места