Национален натпревар на најдобра ученичка компанија
Posted on: 11.06.2020
25 ученички компании од 18 средни училишта од 8 града низ државава се натпреваруваат за туитулата Најдобра ученичка компанија во учебната 2019/2020 год, на Националниот натпревар на ученички компании кој по трет пат го организира Џуниор Ачивмент Македонија..
Поради состојбата со пандемијата, оваа година натпреварот ќе се одвива онлајн и тоа во две фази:
Во првата фаза жири комисијата ги оценува компаниските извештаи и фејсбук страните на ученичките компании и врз основа на освоените поени ќе одберат 10 финалисти кои ќе продолжат во втората фаза каде ќе имаат задача да изработат Power Point презентација и да имаат онлајн интервју со членовите на жири комисијата. Врз основа на сумарните оценки од страна на жири комисијата ќе се изберат прво, второ и трето место на натпреварот.
Победникот на натпреварот ќе биде прогласен онлајн на 23 јуни 2020, во живо, на една од нашите социјални мрежи.
| Име на Ученичка компанија | Училиште | Град |
|---|---|---|
| АЛТЕР | СУГС „Владо Тасевски“ | Скопје |
| АСМ МАПС | СОУ „Љупчо Сантов“ | Кочани |
| БиПри | СОМУ „Гостивар“ | Гостивар |
| Бјути & Хелт СТОП ГМО | ОСУ „Ацо Русковски“ | Берово |
| ГИФТ БИН | СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ | Скопје |
| Е БОАТ | СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово |
| ЕКО ГРИН БИН | СОУ „Ѓошо Викентиев“ | Кочани |
| Еко Диспозел | СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ | Скопје |
| ЕКОЛЕНД | СУГС „Никола Карев“ | Скопје |
| ЕНЕРГО ЕКО ЈУНИОР | ЕМУЦ „8-ми Септември“ | Скопје |
| Ер Солушн | ОСУ „Ацо Русковски“ | Берово |
| ЗЕПРО | СОУ „Јосиф Јосифовски“ | Гевгелија |
| ЈА Ефикасност и Рециклирање | СУГС „Владо Тасевски“ | Скопје |
| ЈА РАДИО | СУГС „Владо Тасевски“ | Скопје |
| КСБ Инжинеринг | СОУ „Киро Спанџов Брко“ | Кавадарци |
| МП ДИЗАЈН | СЕТУГС „Михајло Пупин“ | Скопје |
| НАТУРАЛ СОУП | СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово |
| НИМБУС Охрид | СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ | Охрид |
| Резервирај.мк | СОУ „Јосиф Јосифовски“ | Гевгелија |
| Сикерс | СУГС „Владо Тасевски“ | Скопје |
| Солар бег “СБФ” | СОУ „Јосиф Јосифовски“ | Гевгелија |
| СОУНДСИ | СУГС „Георги Димитров“ | Скопје |
| ТИН ТРАВЕЛ | СУГС „Лазар Танев“ | Скопје |
| Хот Хет “HH” | СУГС „Кочо Рацин“ | Скопје |
| Шоп Шопинг | Меѓународно училиште НОВА | Скопје |
