Национален натпревар за најдобра ученичка компанија 2020

Posted on: 25.04.2020

Ве известуваме дека организацијата Џуниор Ачивмент Македонија организира Национален натпревар на најдобри ученички компании  кој ќе се одржи од 16 – 18 јуни 2020 за кој рокот за пријавување е до 04.05.2020 год.
Услов за учество е пополнет компаниски извештај за работењето на ученичката компанија за учебна  2019/2020 година. 
 
Натпреварот ќе се одржи виртуелно, низ неколку фази кои ќе бидат оценети од реномирана жири комисија. Ние како организација ќе ве водиме низ целиот процес, ваше е само да се пријавите и да добиете можност за награда за целокупното работење во оваа учебна година.
За се што е поврзано со натпреварот може да не контактирате на овааа емаил адреса milan@jamacedonia.mk