Innovation camp

The JA Innovation Camp is an intense experience for the students!

Click Here

Teacher’s training

The key drivers of sustainability are quality teacher training and partnerships with education authorities and government in particular.

Click Here

Company Programme

Launched in 1919, our JA Company Programme offers students aged 15-18 the opportunity to learn how to move a business idea from concept to reality.

Click Here

Саем на мини ученички компании, ООУ „Мирче Ацев“ – 3 јуни 2026

На 3 јуни 2026 година, во ООУ „Мирче Ацев“ се одржа Саемот на мини ученички компании, кој ги обедини учениците од сите шест основни училишта во Општина Ѓорче Петров. На изложбените штандови, учениците ги претставија идеите, производите и услугите што ги развиваа во текот на програмата, покажувајќи колку знаење, труд и тимска работа стојат зад […]

„EcoBloom“– најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на Европски натпревар во Рига

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2025/2026 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е ученичката компанија “EcoBloom” од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп. Тимот претстави иновативен и еколошки одговорен производ – 3Д биоразградлив освежувач за автомобил кој содржи семе во својата внатрешност. По употребата, производот може да се засади и да прерасне […]

Камп на иновации во соработка со Општина Гази Баба, 29 април 2026

Џуниор Ачивмент Македонија на 29 април 2026 година, со финансиска поддршка од Општина Гази Баба и во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје, успешно организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини наменет за средношколци. На настанот учествуваа околу 40 ученици од средните училишта во Општина Гази Баба: […]

Alumni Leaders Academy Europe 10-12.04.2026 во Варшава

Во периодот од 10–12 април 2026 година се одржа Alumni Leaders Academy Europe во Варшава, Полска. На настанот присуствуваше и претставник од алумни мрежата на ЏА Македонија, кој имаше можност да се вмрежи со учесници од различни европски земји и да разменува искуства и добри практики. Во рамки на настанот се одржа и првото собрание […]

Регионален натпревар на најдобри ученички компании 7-8.04.2026

Во периодот од 7-8 април 2026 се одржаа регионалните натпревари на најдобри ученички компании, каде учениците предводени од нивниот одговорен наставник, имаат можност да презентираат што сработиле во текот на учебната година, преку нивните промотивни видеа и  презентации на сцена. На двата регионални натпревари учествуваа вкупно 29 ученички компании од 22 средни училишта, од 12 […]

Обука за наставници за користење на платформата Виртуелко 05-06.04.2026

Џуниор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности. Како дел од имплементацијата на проектот, нашата […]

„Виртуелко за сите“ – состанок на проектните партнери во Софија, Бугарија 28-29.03.2026

униор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности. Како дел од имплементацијата на проектот, проектните […]

„Зелена младина,зелен раст“- Хакатон 25-26.03.2026

Во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст” подржан од Европска Комисија на 25 – 26 март во Струга се одржа дводневен натпревар на средношколци во претприемнички вештини со учесници од повеќе градови од земјава.  За време на натпреварот учениците работеа во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис предизвик.  40 тина средношколци од различни училишта поделени […]

Патоказ за развој на образованието за социјално претприемништво во Европа

Низ цела Европа, социјалното претприемништво се смета за важен начин за справување со невработеноста, социјалната нееднаквост и еколошките предизвици. Рамката EntreComp на Европската комисија го препознава претприемништвото како клучна компетенција за младите. Сепак, во многу земји, социјалното претприемништво сè уште не е доволно интегрирано во образовните системи. Со цел подобро да се разбере овој недостаток, […]

Обука за наставници за финансиско управување и деловно планирање во програмата за Ученичка компанија 03-04.03.2026, Велес

На 3 и 4 март 2026 година во Велес, Џуниор Ачивмент Македонија успешно реализираше обука за наставници во рамките на втората фаза од програмата „Ученичка компанија“, посветена на финансиско управување и деловно планирање. За време на обуката учесниците работеа на практични задачи поврзани со управување со финансии во ученичка компанија, подготовка на завршни финансиски биланси […]

Хакатон ,,Младински идеи за одржливи градби” 27.02.2026, Скопје

Во организација на Институт за истражување во животната средина, градежништво и енергетика, а со поддршка на Џуниор Ачивмент Македонија, успешно се одржа хакатонот „Младински идеи за одржливи градби“. Настанот собра ученици од 9 средни училишта, кои имаа можност да ги презентираат своите иновативни идеи за одржливи и еколошки градби. Хакатонот беше дизајниран да поттикне креативност, […]

Потпишан меморандум за соработка со Општина Ѓорче Петров

Џуниор Ачивмент Македонија потпиша Меморандум за соработка со Општина Ѓорче Петров, со што официјално започнува имплементацијата на програмските активности во сите основни училишта на територијата на општината. Со оваа соработка, Ѓорче Петров станува првата општина во која програмите на организацијата се воведуваат и на ниво на основно образование, што претставува значаен чекор кон унапредување на […]

ЏА Македонија дел од конференција за наставници во Будва 13-15.02.2026

На покана на Џуниор Ачивмент Црна Гора, а во присуство на претставници од ЏА Европа и ЏА Србија, извршната директорка на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска, учествуваше како панелист на конференција за наставници организирана во соработка со Универзитетот Доња Горица. Конференцијата се одржа во Будва, Црна Гора , во периодот од 13 до 15 февруари […]

Прв конзорциумски состанок за проектот YSBE Net – Лимасол и Никозија, Кипар | 5–6 февруари 2026

Организациите на Џуниор Ачивмент од Романија, Кипар, Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија се собраа во Кипар на првиот конзорциумски состанок во рамки на проектот YSBE Net (Youth Social Business & Entrepreneurship Network) – иницијатива финансирана од Еразмус+, насочена кон поддршка на едукацијата за социјално претприемништво и градење капацитети на организации кои работат […]

Обука за наставници од основно образование за вовед во програмите на ЏА Македонија -10-11 март 2026

На 10-11.03.2026, Џуниор Ачивмент Македонија успешно реализираше обука за наставници од основни училишта во Општина Ѓорче Петров за вовед во програмите на Џуниор Ачивмент. Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со пристапот и методологијата на програмите за основно образование и да добијат практични вештини за менторство на учениците во процесот на развој на […]

Избор на најпретприемничко училиште за учебната 2025/2026 година

Оваа учебна 2025/2026 година, повторно сакаме да ја препознаеме и наградиме работата на сите оние кои се вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија и да избереме најпретприемничкото училиште. За таа цел распишуваме конкурс за избор. Кој може да учествува на конкурсот? На конкурсот може да учествуваат сите средни училишта, во кои се спроведува Програмата […]

Избор на наставник на годината за учебна 2025/2026 година

Наставник на годината е награда што ја доделува организацијата Џуниор Ачивмент Македонија на еден наставник-ментор на ученичка компанија, за неговите заложби во промоција на претприемничко образование, изразена страст во работата со своите ученици и јасен претприемнички став. Сите наставници кои се дел од програмата на Џуниор Ачивмент, можат да бидат номинирани за избор на наставник-ментор […]

Вебинар на тема „Зелена економија“ – 16.12.2025

Џуниор Ачивмент Македонија на ден 16.12.2025 год., одржа вебинар на тема „Зелена економија“ со предавач проф. Д-р Владимир Петковски. На вебинарот присуствуваа над 150 учесници од цела Македонија. Учесниците добија можност да слушнат нешто повеќе за проектот „Зелена младина зелен раст“ и темите поврзани со циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи, како и […]

Меморандум за соработка со Биро за развој на образование

Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Биро за развој на образование.Целта е да се оствари соработка и меѓусебна поддршка при реализација на наш активности, во кое Бирото ќе има водечка улога во развој на наставни планови и курикулуми, стручна поддршка на наставниот кадар и унапредување на квалитетот и инклузивноста на образованието.Уверени сме дека […]

Покана за вебинар „Зелена економија“ – 16.12.2025

е покануваме да го проследите вебинарот на тема „Зелена економија“ на 16 декември 2025 г. од 12:00 часот со предавач Владимир Петковски. Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Зелена младина зелен раст“ и има за цел да ги запознае учениците и наставниците со теми од областа на животната средина, пред се Зелена агенда, Зелениот […]

Камп на иновации во соработка со Јунус центар за социјални бизниси 11-12 декември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија, на 11 и 12 декември 2025 година, во соработка со Јунус центарот за социјални бизниси при Економскиот факултет во Скопје, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини наменет за средношколци и студенти. Учесниците работеа во заеднички, мешани тимови, каде што имаа можност да разменуваат идеи и искуства. Кампот на иновации […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 12 декември 2025

По презентациите и промоција на „Virtuelco for All“ пред средношколци и наставници, на 12 декември 2025 година Џуниор Ачивмент Македонија ја направи промоција на проектот пред 20 млади луѓе – студенти и уште 20 млади лица од различни средини од Скопскиот регион (идентификувани како NEETs – лица кои не се вклучени во образование, обука или […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 09 декември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија (ЏАМ) го промовираше  проектот „Virtuelco for All“ пред 20 средношколци од скопски средни училишта, на средбата што се одржа на 09 декември, 2025 година. Младите кои присуствуваа на средбата, ќе бидат примарна целна група на претстојните обуки. Тимот на  ЏАМ ги претстави активностите предвидени во рамките на проектот и најави дека во […]

Глобална лидерска конференција- Рио, Бразил 17-21 ноември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од Глобалната лидерска конференција на Џуниор Ачивмент (JA Global Leadership Conference) која оваа година се одржа во Рио де Жанеиро, Бразил. Конференцијата ги обединува претставниците на Џуниор Ачивмент од цел свет со цел размена на искуства и развој на нови иновативни пристапи за унапредување на ЏА програмите.Од 17-21 ноември, Рио беше […]

Глобалната недела на претприемништвото 2025

Се приклучуваме на светското одбележување на Глобалната недела на претприемништвото! Оваа година, под мотото „Together We Build“, ја славиме креативноста, иновацијата и претприемничкиот дух кај младите. Во рамки на нашите активности, преку програмата Girls Go STEM, реализиравме повеќе интерактивни работилници посветени на дигитални вештини, циркуларна економија и решавање реални предизвици. Голема благодарност до училиштата кои […]

Меѓународен камп на иновации – Foodathon 2025

Заврши Foodathon 2025 – меѓународен онлајн натпревар кој претставува уникатен спој на иновација, креативност и претприемачко учење. Натпреварот има за цел да ги поттикне младите иноватори од Европа и Африка да креираат решенија кои ќе придонесат кон трансформација на современите прехранбени системи. Во рамките на Foodathon, повеќе од 100 ученици на возраст од 15 до […]

Обука за наставници на тема „Примена на проектен менаџмент во програмата за ученичка компанија“ – 11.11.2025

На 11 ноември 2025 во СЕПУГС ,, Васил Антевски – Дрен ’’- Скопје , Џуниор Ачиевмент Македонија успешно реализираше обука за наставници за примена на проектен менаџмент во програмата за ученичка компанија. Целта на обуката беше да ги запознае наставниците со принципите на проектен менаџмент и да ги подготви за ефективна имплементација на Програмата за […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 11 ноември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија ја продолжи презентацијата на проектот „Virtuelco for All“ пред 21 наставник од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, на средбата што се одржа на 11 ноември 2025 година. Тимот на JAM ги претстави активностите предвидени во рамките на проектот и најави дека во наредните месеци ќе се организираат серија обуки за […]

Избран е новиот Управен одбор на Џуниор Ачивмент Алумни Македонија

Изборот на нов Управен одбор претставува значаен чекор за обезбедување на континуитет, стабилност и понатамошен развој на Џуниор Ачивмент Алумни Македонија. Со цел навремено преземање на одговорностите и ефективно планирање на активностите за следниот мандатен период, организацијата во октомври 2025 година го започна процесот на селекција на нов управен тим. Процесот беше дизајниран да биде […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“

Џуниор Ачивмент Македонија“ започна со промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“, кој го спроведуваме во соработка со организации од Србија (Праскозорје и Економска школа Пирот) и Бугарија (Интра Ментис). Средбата на 5ти ноември, ни послужи за презентација на платформата на проектот „Виртуелко за сите“ пред директорите и наставниците од двете средни училишта во Велес […]