Велес, 7 ноември 2025 година – Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ денес заврши Кампот на иновации, дводневен натпревар во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, на кој 40 ученици од училиштето ги покажаа своите претприемнички и креативни способности. Во рамки на предизвикот, учениците требаа да понудат решенија за својот град со употреба на технологија т.е да […]
Teacher’s training
The key drivers of sustainability are quality teacher training and partnerships with education authorities and government in particular.
Company Programme
Launched in 1919, our JA Company Programme offers students aged 15-18 the opportunity to learn how to move a business idea from concept to reality.
Џуниор Ачивмент Македонија на конференцијата „Empowering People, Elevating Projects: The AI Partnership Begins“ – 17.10.2025
На 17 октомври 2025 година, Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од еднодневната конференција организирана од PMI Chapter North Macedonia, наменета за проектни менаџери од различни компании во земјата. Конференцијата овозможи размена на искуства и добри практики, можности за вмрежување и идна соработка со експерти од PMI. Главниот фокус беше насочен кон придобивките што компаниите можат […]
Форум на жени и девојки во СТЕМ – EIT Education and Skills Days 2025
На 16 октомври 2025 година, во Брисел се одржа Форумот на жени и девојки во СТЕМ науките, во рамки на дводневниот настан EIT Education and Skills Days, организиран од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) и Европската комисија. Оваа година темата беше Сајбер-безбедност, со фокус на иновативни решенија и улогата на жените и девојките […]
Конференција на наставници во Врњачка Бања – 12-14 октомври 2025 год.
Од 12 до 14 октомври 2025 година, во Врњачка Бања, Србија, се одржа Националната конференција на наставници, во организација на Џуниор Ачивмент Србија. Настанот собра повеќе од 200 наставници од средните училишта кои спроведуваат програми за претприемничко образование, како и претставници од Македонија и Црна Гора. Целта на конференцијата беше да се зајакнат капацитетите на […]
Обука за обучувачи за финансиска писменост и претприемништво – 12-15.10.2025 Малта
Нашата претставничка, наставникот Радмила Андовска, учествуваше на обуката за обучувачи за финансиска писменост и претприемништво, организирана од Џуниор Ачивмент Малта од 12-15 октомври 2025. Во тридневната програма учествуваа 15 наставници од 11 европски земји, кои преку практични активности и размена на искуства ја зајакнаа својата улога во едукацијата на идните генерации. Посетата заврши со учество […]
„Виртуелко за сите“ – состанок на проектните партнери во Пирот, Србија 27-28.09.2025
Џуниор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности – вклучително и креирање документација за купопродажба […]
ВИДЕО: камп на иновации јуни 2025
Се потсетуваме на незаборавните моменти од камп на иновации кој се одржа со поддршка од Шпаркасе банка во Струга, од 19-20.06.2025. Толку многу идеи, енергија и задоволство кај присутните! Шпаркасе банка веќе 6та година не поддржува во финансиската едукација на младите и отвора нови можности за нив на патот на кариерата.
Училиштен натпревар на претприемнички вештини со поддршка од општина Берово
Новата учебна година 2025/2026 ја започнавме со убав настан за млади во Берово, каде учениците од Ацо Русковски работеа на решавање на предизвик и развој на иновативни бизнис идеи корисни за заедницата. Жирито имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите тимови, посебно што идеите кои што беа предложени беа доста иновативни и применливи за […]
Средба со наградени ученици од програмата на Џуниор Ачивмент со градоначалник и претставници од општина Прилеп
Во одговор на барањето за средба во просториите на општина Прилеп бевме пречекани од градоначалникот и претставници од сектор образование со група од наградени ученици во програмата на Џуниор Ачивмент и нивните ментори наставници, како и директорката на СОУ “ Орде Чопела”. На средбата се разговараше за работата на Џуниор Ачимент изминатите години, за обуките […]
JA Alumni Europe Conference – SPIRIT
Од 27 до 31 август на покана на мрежата од алумни на ЏА Европа во Келн, Германија, се одржа конференција насловена SPIRIT, каде што млади претприемачи и алумни од цела Европа се поврзаа, учеа и создаваа визии за иднината. ЏА Македонија беше претставувана од 4 наши алумни. За време на настанот што млади претприемачи и […]
ЕУ Проект “Зелена младина,зелен раст”- Младинската енергија во полн сјај!
Учениците од проектот „Зелена младина, зелен раст“ минатата недела во Охрид беа дел од обука на тема „Развој на бизнис план и трансформација на зелени идеи во реалност“. Во инспиративна атмосфера полна со креативност и соработка, младите имаа шанса да ги надградат своите вештини, да разменат идеи и да добијат поттик нивните зелени визии да […]
Посета од претставници од Џуниор Ачивмент Турција во август 2025
Од 19-23 август 2025, во рамки на програмата за размена на кадри, поддржана од ЏА Европа, имавме посета од 3 претставнички од Џуниор Ачивмент Турција. На состаноците во Скопје со АППРСМ и ЦСОО слушнаа за одличната соработка што ја имаме со институциите овде, додека во Охрид 21/22 август имаа можност да се запознаат со ученици […]
Посета на Џуниор Ачивмент Кипар јули 2025
Од 21-25 јули 2025, извршниот директор Љупка Панчевска беше во посета на канцеларијата на Џуниор Aчивмент Кипар во рамки на програмата за размена на кадри, поддржана од ЏА Европа. Ова беше одлична можност за размена на знаење, искуства и запознавање со сите вработени во канцеларијата како и дискусија за предизвиците во прибирање средства и лидерство […]
„Playful Pages“ – Младите иноватори од Велес на Gen-E 2025 во Атина
Тимот „Playful Pages“ од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес, победник на Националниот натпревар за ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, ја претстави нашата држава на најголемиот европски фестивал за претприемништво – Gen-E 2025, кој се одржа од 1 до 3 јули во Атина, Грција. Овој настан секоја година обединува повеќе од 1000 ученици, студенти, […]
ВИДЕО: Национален натпревар на најдобри ученички компании 2025
Се потсетуваме на незаборавните моменти од Националниот натпревар 2025! Толку многу идеи, енергија и насмевки на едно место!
Ferd и Norwegian Property ASA со донација од 1 милион долари за поддршка на програмите на ЏА Европа во Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Украина и Србија
ЏА Европа го објави приемот на значајна донација во вредност од 1 милион американски долари од компаниите Ferd и Norwegian Property ASA. Оваа поддршка пристигнува во клучен момент, по престанокот на финансирањето од страна на USAID, што директно ги погоди програмите во Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Украина и Србија. „Партнерството има длабоко значење и претставува […]
ЏАМ е во потрага по практикант/помлад соработник!
Назив и опис на позицијата/праксата; Временски период (почеток на ангажманот и времетраење); Локација: канцеларија на Џуниор Ачивмент Македонија, Наум Наумовски Борче 38/9, спроти Соборен храм; Дали следува финансиски надомест и неговата висина; Рок за аплицирање; Работни задачи кои се очекуваат од кандидатите: Услови и можности за кандидатите: Кандидатите треба да се: Кандидатите треба да ги […]
Потпишан меморандум за соработка со Институт за социолошки и политички -правни истражувања-УКИМ
Со цел унапредување на образованието и поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Институт за социолошки и политички -правни истражувања-УКИМ Скопје . Како водечка институција препознатлива по квалитет на научно-истражувачката работа и двигател на позитивни општествени промени ќе има клучна улога во нашите програми – преку едукативни курикулуми и […]
Учество на тркалезна маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“
Во организација на Младински Сојуз – Крушево, бевме дел од диксусијата на наодите презентирани за време на тркалезната маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“, во рамките на проектот ‘Барометар на социјално претприемништво’. На настанот беа презентирани резултатите од ‘Барометарот за социјално претприемништво’, опфаќајки ги клучните наоди од истражувањето, трендовите согласно соодветните индикатори, и мапираните […]
Партнерство со Шпаркасе Банка за поддршка на натпреварот во банкарски сектор
Во период 19-20 јуни во Струга, 43 средношколци од 8 училишта, водени од 8 наставници, кои беа дел од Програмата за ученичка компанија на ЏА Македонија оваа учебна година, учествуваа на Кампот на иновации поддржан од Шпаркасе Банка. Партнерството со Шпаркасе Банка, има за цел да ја зголеми финансиската писменост и да ги едуцира младите […]
Поддршка од општина Велес за претстојниот натпревар во јули во Атина, Грција
Среќни сме за остварената поддршка од општина Велес за претстојниот европски натпревар во јули во Атина, Грција во рамки на фестивалот ГЕН-Е 2025. Се надеваме на идна соработка која ќе ни овозможи реализација на заеднички проекти, настани во општината, како и вклученост на што поголем број на млади луѓе. Дополнително општината ќе биде поканета на […]
Учество на Џуниор Ачивмент Алумни на вебинар „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“
Џуниор Ачивмент Алумни учествуваа на вебинар „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“, во рамки на проектот EMPOWERING, преку кој ќе се реализираат слични настани, обуки и можности за вмрежување на младите, каде добија корисни информации и совети за подобрување на својата кариера. Дел од излагањата имаа за цел да ги охрабрат девојчињата да размислуваат […]
Учество на Џуниор Ачивмент Македонија на конференција „ТвинТек Talk: Успешно одржан настан за креативност и иновации во ерата на вештачката интелигенција
Во свет полн со брзи одговори, ТвинТек Talk создаде простор за вистински прашања. Прашања за иднината, за можностите, за улогата на човекот во ерата на вештачката интелигенција. ТвинТек Talk се одржа на 12 јуни во Кинотека на Македонија и собра професионалци од областа на иновации и технологија, млади претприемачи и претставници од истражувачкиот и деловниот […]
Еразмус + проект „Виртуелко за сите” со партнери од Србија и Бугарија
Започнавме нов Еразмус + проект „Виртуелко за сите” во партнерство со организации од Србија (Праскозорје и Економското училиште од Пирот) и Бугарија (Интра Ментис). Првиот состанок на проектниот тим, одржан на 2 јуни 2025 година на платформата Google Meet го означи и официјалниот почеток на проектот. Проектните партнери се собраа да се запознаат со обврските […]
Одржана ТвинТек Конект 2025 – конференција за иновации, трансфер на технологии и вмрежување
На 28 мај, во Public Room во Скопје, се одржа конференцијата ТвинТек Конект 2025, која ги обедини претставниците од јавниот, образовниот, истражувачкиот и бизнис секторот, со цел размена на искуства и идеи за подобар трансфер на технологии и јакнење на иновацискиот капацитет во земјата. Преку две панел-дискусии и три паралелни World Café сесии, учесниците имаа можност активно да […]
„Playful Pages“– најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на Европски натпревар во Грција!
Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2024/2025 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е ”Playful Pages “ од средното училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес, кои со својата идеја сакаат да ги оживеат заборавените традиционални детски игри и да ги приближат кон денешните генерации на иновативен, инклузивен и едукативен начин. „Playful pages“ […]
Потпишан меморандум за соработка со Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет-Скопје
Со цел унапредување на социјалното претприемништво и поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет-Скопје ! Како регионален лидер во оваа област, Центарот игра клучна улога во градење на свеста и капацитетите преку иновативни програми – од едукативни курикулуми и истражувачки […]
Гостување на поткаст „Чопела свет“
Проследете го гостувањето на нашата директорка Љупка Панчевска, на поткастот на учениците на СОУ Орде Чопела, Прилеп, „Чопела свет“. Погледнете го поткастот и дознајте повеќе за постигнатите резултати на проектот Play Jet, и како младите можат да бидат двигатели на промени!
Избор на најпретприемничко училиште за учебната 2024/2025 година
Оваа учебна 2024/2025 година, повторно сакаме да ја препознаеме и наградиме работата на сите оние кои се вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија и да избереме најпретприемничкото училиште. За таа цел распишуваме конкурс за избор. Кој може да учествува на конкурсот? На конкурсот може да учествуваат сите средни училишта, во кои се спроведува Програмата […]
