Од 10 до 12 мај во Струга се одржа шестиот по ред Национален натпревар за најдобри ученички компании. На натпреварот учество земаа 116 средношколци, вклучени во 25 ученички компании од Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово, Македонски Брод, Охрид, Прилеп, Ресен, Скопје, Струмица и Тетово. Националниот натпревар е завршен настан на кој ученици од […]
Category: Events and News
Соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ за поддршка на нашата програма за претприемничко учење
Трета година по ред Агенцијата за поддршка на претприемништвото во РСМ ја поддржа ЏА Македонија во реализација на програмата за претприемничко образование и натпреварот за најдобри ученички компании во учебна 2022/2023 година, што е во согласност со нивната заложба за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста во нашата држава. За време на натпреварот кој се […]
„Студентско модно шоу – Кукли што зборуваат“ – успешна приказна за управување со проекти
По спроведувањето на Програмата за управување со проекти во рамките на активностите на Ученичката компанија, Снежана Бошковска, наставник од гимназијата Никола Карев од Скопје, беше мотивирана да организира и реализира проектна активност со своите ученици, следејќи ги чекорите опишани во модулот за управување со проекти. „Модулот за управување со проекти ме инспирираше да се обидам […]
Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје
Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје која продолжува да ги препознава и поддржува нашите напори да се подигне свеста за важноста на програмите за едукација за претприемништво и ракување со парите додека младите се сеуште во средно образование. Учениците имаа можност да слушнат за едукативната подршка на тема развој на бизнис идеи, анализа на пазарот […]
Камп на иновации – 10-12 Април 2023, Струга
Џуниор Ачивмент Македонија на 10-12 март 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини за ученици од 5 средни училишта од Битола. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. На учениците […]
Меморандум за соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија-04.04.2023 г.
На 04 април 2023, нашата директорка Љупка Панчевска и директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) Хајрула Мисини потпишаа меморандум за соработка во програмите на претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија. Соработката со Агенцијата ќе се реализира преку нивната програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и […]
Регионална конфренција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ – 28-29 март 2023
Со цeл промоција на работењето, мисијата и целите на нашата организација Џуниор Ачивмент Македонија во период 28-30 март се одржа конференција под наслов „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“, која се оддржа на Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле во Охрид. Регионална конференција спои претставници од Џуниор Ачивмент организации […]
Coffee Talk со членовите на Џуниор Ачивмент Македонија Алумни – 25.03.2023
Џуниор Ачивмент Македонија Алумни организираа Coffee Talk со членовите на алумни клубот. Настани од овој тип се одлична шанса за членовите на алумни клубот подобро да се запознаат, да разговараат на различни теми, да разменат искуства и совети, а за уште подобра забава и опуштање се играа и друштвени игри.
Џуниор Ачивмент Македонија како дел од Лидерскиот самит – 16-18ти март 2023, Малта
Лидерскиот самит кој се одржа од 16 – 18ти март во Малта, опфати преку 120 претставниви од мрежата на ЏA Европа, извршни директори, вработени и партнери во мрежата. Во текот на трите дена, нашиот извршен директор имаше можност да учествува на сесии, работилници, дискусии и идно стратешко планирање. Се споделија искуства и идеи за заеднички […]
Натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“- 09-10 март 2023
Џуниор Ачивмент Македонија на 09-10 март 2023, организираше натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“. Група студенти работеа на креирање иновативни зелени бизнис идеи за заштита на животната средина, кои ги презентираа пред жири комисија. Заеднички го поддржуваме одржливиот развој и циркуларната економија, кон праведна транзиција на земјата!
Обука за наставници – 01-03 март 2023, Охрид
Продолжуваме со активно градење на капацитетите на наставниците за работа во ученичките компании и соработка со училиштата. Од 01-03 март, 26 наставници од 15 средни училишта и 10 градови низ земјава учествуваа на обуката за спроведување на програмата Ученичка компанија. На учесниците им беа дадени насоки како да го подготват компанискиот извештај за Националниот натпревар […]
Соработка со Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле
Џуниор Ачивмент Македонија и Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле потпишаа меморандум за соработка преку кој се отвора можност за реализација на надтани на Факултетот во Охрид, како идополнителни активности за промоција на претприемништвото, градење заеднички проекти и акцелерација на идните претприемачи.
Активности во рамки на едукативната програма за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција”
Продолжуваат активностите во рамки на програмата за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, каде што разговаравме на различни теми за одржлив развој, климатските промени, циркуларна економија како и зелените бизниси.
Меморандум за соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Џуниор Ачивмент Македонија и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Меморандум за соработка преку кој се отвараат можности за младите во нашата мрежа. Поддршката ќе се одвива со учество на вработени од министерството на наши настани и активности за средношколци и студенти, обуки за наставници, но и наше учество на настани организирани од министерството. […]
Јa продолжуваме соработката со Фонд за иновации и технолошки развој
Продолжува соработка со Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на програмата за претприемничко образование во сите средни училишта низ државата, како и финансиската поддршка на програмата. Договорот го потпишаа Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија и ДФИТР Фестим Халили. Со потпишувањето на овој договор, младите ќе имаат можност да стекнат повеќе […]
Конкурс: Етичка Дилема во Бизнис Учебна година 2022-2023
Џуниор Ачивмент Македонија го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста на средношколците за идни работни места, а воедно се залага за промовирање на општествена одговорност и етичко однесување. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија. Со цел да ги потикнеме младите да развиваат вештини морални принципи и вредности кон почитување на […]
Камп на иновации – 15-16 февруари 2023, Скопје
Џуниор Ачивмент Македонија на 15-16 февраури 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. Кампот е дизајниран околу одредена и реална индустрија или сектор […]
Регионална конференција во Подгорица, Црна Гора
Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од регионална конференција за наставници во Подгорица, Црна Гора.Главната цел на конференцијата беше да ги запознае наставниците и едукаторите од БИХ, Србија, Црна Гора и С. Македонија со иновациите во образованието, особено во традиционалните образовни системи, но и бројните предизвици кои доаѓаат со нив. Покрај нас, посебен акцент за програмата […]
Посета на Џуниор Ачивмент Србија – 06-09 февруари 2023
Од 6 до 9 февруари ја посетивме нашата ментор организација Џуниор Ачивмент Србија. Со ученичката компанија „Мидори“, посетивме неколку организации кои го поддржуваат претприемништвото, но и иновациите, науката и дигиталните технологии во Белград При посетата во Нордеус, Дигитална Србија, Центар за Наука од одговорните лица, директори, меркетинг и ИТ вработени во компаниите, слушнавме за тоа […]
Обука за наставници – 30-31 јануари 2023
Почетокот на новото полугодие означува и почеток на нови активности! Група наставници од 15 средни училишта беа дел од обука за Раководење на проектен циклус од 30 до 31 јануари, во Скопје. Успешно беше спроведена обука за наставници која ќе им помогне во понатамошното имплементирање на програмите на Џуниор Ачивмент.
ИЗБОР НА НАЈПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Оваа учебна 2022/2023 година, повторно сакаме да ја препознаеме и наградиме работата на сите оние кои се вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија и да избереме најпретприемничкото училиште. За таа цел распишуваме конкурс за избор. Кој може да учествува на конкурсот? На конкурсот може да учествуваат сите средни училишта, во кои се спроведува […]
ИЗБОР ЗА НАСТАВНИК НА ГОДИНАТА – Учебна 2022/2023 година
Наставник на годината е награда што ја доделува организацијата Џуниор Ачивмент Македонија на еден наставник-ментор на ученичка компанија, за неговите заложби во промоција на претприемничко образование, изразена страст во работата со своите ученици и јасен претприемнички став. Сите наставници кои се дел од програмата на Џуниор Ачивмент , можат да бидат номинирани за избор на […]
Обуки за млади од рурални среднини – Потпри се на младите
Околу седумдесет млади беа дел од четири еднодневни обуки за претприемништво, (само)вработување и развој на план за (социјален) бизнис, наменети за младите од руралните средини од Полошкиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Североисточниот регион кои се оддржаа во месец декември 2022: . 21.12.2022 во Тетово, Полошкиот регион 23.12.2022 во Битола, Пелагонискиот регион 26.12.2022 во Охрид, Југозападниот регион […]
Размена на искуства со Џуниор Ачивмент Албанија 12-15 декември 2022
Од 12 до 15 декември ја посетивме нашата ментор организација Џуниор Ачивмент Албанија. Разменивме искуства и знаења на теми поврзани со ученичките компании и добри практики, кои учениците и наставниците можат да ги применат во наставата. Тимот на ЏА Македонија и ЏА Албанија, низ повеќе работни средби дискутираше и за важни организациски и стратешки прашања. […]
Регионална конференција во Софија – Панда лабс џуниор за праведна транзиција
Џуниор Ачивмент Македонија, во придружба на ученици и наставници вклучени во Панда лабс џуниор за праведна транзиција и заедно со над 50 учесници од Србија, Црна Гора и Бугарија, учествуваа на Регионалната конференција во Софија. Вмрежување на младите, размена на знаења и искуства за климатските промени, праведната транзиција и зеленото претприемништво.
Обука за наставници 28-29 Ноември 2022 год.
Група наставници вклучени во програмите Џуниор Ачивмент Македонија беа дел од дополнителна обука за спроведување на програмата Ученичка компанија на 28-29 октомври 2022 год. Продолжуваме со активно градење капацитети за работа во ученичките компании и соработка со училиштата! Повеќе фотографии од обуката може да видите на следниот линк https://www.facebook.com/JuniorAchievementMacedonia/posts/pfbid035dPmjgU5bpu5jRzqStd8T9aJ7yodey293VUW11Lbm68LLJxbfNeARKFmRH7bp4wCl
Меморандум за соработка со општина Струмица – 28 ноември 2022 год.
Џуниор Ачивмент Македонија и општина Струмица отпочнаа заедничката соработка, која беше официјализирана со потпишувањето на Меморандум за соработка на 28.11.2022. Со овој меморандум се отвараат можности за заеднички иницијативи и соработки кои ќе влијаат за подобро и иновативно учење за младите во општина Струмица.
Меморандум за соработка со Факултет за земјоделски науки и храна – 23 ноември 2022 год.
Џуниор Ачивмент Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна потпишаа Меморандум за соработка на 23.11.2022. Започнуваме нови соработки со која ќе им овозможиме на учениците стекнување на нови вештини и способности, повеќе можности за нивно надградување и остварување на заеднички интереси и проекти.
International Pitch Battle – 11 ноември 2022 год.
Уште еден голем успех во семејството на Џуниор Ачивмент Македонија! Нашите InnoPazio (ученичка компанија од гиманзија Раде Јовчевски Корчагин) и нивната наставничка Татјана Голчева, се најдоа помеѓу првите пет финалисти на виртуелниот натпревар International Pitch Battle, организиран од Џуниор Ачивмент Литванија.
Покана за учество на јавен повик 3/ПОМ/2022/ЏА за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување
Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на […]
