ПОКАНА за учество на јавен повик 02/ЗЕЛ/2024/ЏА за изработка на прилагодена едукативна програма за заштита на животната средина, климатските промени, зелената и циркуларната економија претприемништво и нејзино пренесување на наставници
Posted on: 13.08.2024Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за услуги за изработка на прилагодена едукативна програма за заштита на животната средина, климатските промени, зелената и циркуларната економија/претприемништво и спроведување на една 3-дневна обука со 20 наставници од средните училишта, за пренесување на едукативната програма на ученици Џуниор Ачивмент Македонија, располага за едукативни програми и студии на случај на наведените теми, но истите ќе треба да се прилагодат за потребите на проектот.
Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, односно:
- Универзитетско образование или најмалку 5 (пет) години над генералното професионално искуство (поседување на стекнато повисоко универзитетско образование, магистерски или докторски студии, ќе се смета за предност);
- Генерално професионално искуство:
- Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;,
- Специфично професионално искуство:
- Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки за заштита на животната средина, зелено претприемништво, циркуларна економија);
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е септември- октомври 2024 г.
Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1).
Тендерската документација е во прилог и вклучува:
- Прилог 1. Опис на надлежности
- Прилог 2. Листа на доверливи информации (образец)
- Прилог 3. Изјава за независна понуда (образец)
- Прилог 4. Преглед на реализирани обуки (образец)
- Прилог 5. Организација и методологија за обезбедување на очекуваните услуги (образец)
- Прилог 6. Финансиска понуда (образец).
Рокот за доставување на понудите е 02.09.2024 г.
Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 02/ЗЕЛ/2024/ЏА“ на info@jamacedonia.mk.
Тендерската постапка се спроведува во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.