Гала настан – Visegrad Entrepreneurial Stars

Posted on: 14.05.2024

Денеска сме домаќини на Гала настан во Едукативниот центар М6 во Скопје за да го прикажеме напредокот и резултатите од проектот Visegrad Entrepreneurial Stars, поддржан од Вишеградскиот Фонд.

На настанот се презентира резултатите од проектот со вклученост на 6 партнери:

  • Џуниор Ачивмент Македонија,
  • Институтот за одржливост ЕКОС Скопје,
  • Џуниор Ачивмент Полска,
  • Џуниор Ачивмент Словачка,
  • Џуниор Ачивмент Унгарија и
  • Џуниор Ачивмент Чешка.

На настанот исто така се промовираше и е-книгата со 15 најдобри студии на случај како отворена можност за користење во наставата по предметите бизнис и претприемништво за поттикнување на учениците кон критичко размислување.

Проектот е ко-финансиран од владите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка преку Вишеградски грант од Интернационалниот Вишеградски фонд. Мисјата на фондот е да ги унапредува идеите за одржлива регионална соработка во Централна Европа.