Гала Настанот Претприемничките Sвезди ќе го „осветлат“ Скопје
Posted on: 14.05.2024Денеска ќе се одржи Гала настанот кој ќе го одбележи проектот „Visegrad Entrepreneurial Stars“, финансиран од Вишеградскиот Фонд. Настанот ќе се случи во Едукативниот Центар М6 во Скопје.
На настанот ќе се презентираат резултати од проектот со вклученост на 6 партнери: Џуниор Ачивмент Македонија, Институтот за одржливост ЕКОС Скопје, Џуниор Ачивмент Полска, Џуниор Ачивмент Словачка, Џуниор Ачивмент Унгарија и Џуниор Ачивмент Чешка. На настанот исто така, ќе се промовира и книгата со 15 најдобри студии на случај како отворена можност за користење во наставата по предметите бизнис и претприемништво за поттикнување на учениците кон критичко размислување.
Проектот е дел од заложбите за јакнење на еко системот во земјата и поддршка на млади претприемачи во секоја од државите, задржување на младите и нивна инспирација за претприемништво, јакнење на претприемничкиот дух и охрабрување за упорност на патот на кариерата од средно образование кон вработување.
Гала настанот, кој треба да започне во 11:30, ќе даде еден осврт на влијанието на проектот врз образованието за претприемништво низ целиот регион. Од иновативен развој на наставна програма до динамично тестирање во училницата, проектот „Visegrad Entrepreneurial Stars“ е една од ретките платформи која користи локални примери на успешни претприемачи за мотивирање и опремувањето на студентите со основните вештини и знаења за да напредуваат во денешниот бизнис пејзаж кој брзо се развива.
„Преку овој проект, исполнет со приказни за успешни претприемачи, сакаме да ги поттикнеме младите во образованието и идните кариери и да покажеме дека успех во бизнисот е возможен. Очекуваме дека добрите примери на случај ќе најдат примена во наставата и ќе инспирираат голем број млади луѓе да започнат сопствен бизнис.“, изјави Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија – носечката организација на проектот. Таа додаде – „Денес, како дел од гала настанот, направивме промоција на успешни претприемачи од Источна и Централно Источна Европа, со цел да ги поттикнеме младите во образованието и да покажеме дека успех во бизнисот е возможен. Очекуваме дека добрите примери на случај ќе најдат примена во наставата и ќе инспирираат голем број млади луѓе да започнат сопствен бизнис и кариера.“
Проектот „Visegrad Entrepreneurial Stars“ има иновативен пристап за зајакнување на следната генерација на претприемачи. Со искористување на колективната експертиза и ресурси на земјите-партнери, проектот ќе продолжи да отвора нови врати кон претприемачко настроено општество.