Oбука за наставници 28-29 февруари – хотел Капри, Битола

Posted on: 06.03.2024

Имајќи ја предвид состојбата во светот и последиците од климатските промени, обуката има за цел да се зголеми знаењето за климатските промени и предизвиците поврзани со праведна транзиција, кај наставниците од средните училишта од битолскиот регион.

Преку иновативен едукативен пакет, кој вклучува посветена интерактивна онлајн програма за климатски промени и праведна транзиција, онлајн простор за соработка, обуката промовира зелено претприемништво и зелени бизниси.

Обуката ги опфати темите поврзани со праведна транзиција, одржлива економија и поврзаноста со целите за одржлив развој на ОН. Обучувачот ја осмисли обуката со совети за работа во училницата, начини на вклученост на учениците, интерактивни вежби со табели, графикони и презентации.

Обуката е во рамки на проектот Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition (PLAYJET) и претставува продолжување на соработката со партнер организациите, Џуниор Ачивмент Бугарија, Светскиот фонд за заштита на дивиот свет Адриа Србија (WWF Adria Serbia), Светскиот фонд за заштита на дивиот свет Бугарија (WWF Bulgaria) и Еко Тим од Црна Гора.

Проектот опфаќа работа со средношколци и нивни наставници во периодот од октомври 2023 до мај 2025 година.