Обука за обучувачи во Софија, Бугарија 21-23 февруари 2024 г.

Posted on: 06.03.2024

Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија, во рамки на проектот “Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition (PLAYJET)” учествуваше на обуката за обучувачи во Софија, Бугарија. Голема благодарност до нашите домаќини ЏА Бугарија и WWF Бугарија, како и останатите партнери во проектот, WWF Адриа Србија и Еко тим од Црна Гора.

Проектот Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition е финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и е имплементиран од Џуниор Ачивмент Бугарија во партнерство со WWF Бугарија, WWF Adria Србија, Џуниор Ачивмент Македонија и Еко-Тим.

Главната цел на овој проект е да се зголеми знаењето за климатските промени и предизвиците за праведна транзиција, кај средношколците од регионите на јаглен во 4 источноевропски земји (Бугарија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора) и се охрабрат активно да се вклучат во креирањето политики и решавањето на проблемите, со цел да се поттикне културата на иновациите во клучните области за праведна транзиција.

Проектот ќе промовира зелено претприемништво и ќе создаде одржливи можности за живот во регионите на јаглен преку иновативна образовена програма, серија хакатони лице-в-лице и онлајн простор за соработка. Младите од регионите на јаглен ќе бидат вклучени во симулации на социо-економски совети и тркалезни маси кои ќе вклучат претставници на локалната самоуправа.