Глобална лидерска конференција (GLC)- Бангкок, Тајланд

Posted on: 20.11.2023

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од Глобалната лидерска конференција на Џуниор Ачивмент (JA Global Leadership Conference) која се одржа во Бангкок од 13 до 17 ноември 2023г., во организација на Junior Achievement Thailand и JA Asia Pacific.

Стотици претставници од организациите на Џуниор Ачивмент ширум светот беа собрани на едно место со цел изнаоѓање на нови иновативни пристапи за подобрување на начинот на кој се имплементираат програмите на Џуниор Ачивмент и како да се постигне стратешката цел за 2050 година, која подразбира вклучување на 100 милиони ученици на годишно ниво.

Надоврзувајќи се на минатите меѓународни и национални лидерски конференции во мрежата, беа одржани и два настани на ГЛК во 2023 година. Во 2021г. за време на пандемијата, овој настан се одржуваше онлајн, каде што присуствуваа сите членки на ЏА како и членовите од одборот на ЏА алумни. По успехот на виртуелното работење од 2021 година, оваа година беше решено настанот да се се реализира во живо каде енергијата на присутните можеше подобро да се почувствува.

Според популарната книга за менаџмент и семинари за континуирана едукација, претставници на McKinsey одржаа работилница на тема „Leadership Excellence“ само за присутните од мрежата на Џуниор Ачивмент за време на ГЛК конференцијата.

Првиот ден се одржа целодневна работилница за врвно лидерство, предводена од McKinsey,  која што ги опфати сите карактеристики  потребни да ги поседува еден успешен лидер. Вториот ден, вклучуваше панел дискусии за влијанието со партнерите, засегнатите страни и моќта на вештачката интелигенција. Со изборот на десетте најдобри практики од страна на учесниците се заокружи денот. На третиот и последен ден, се навлезе подлабоко во темата, преку работилницата со авторката на книгата „Design the Life You Love“ и клучните говори за “Гласот на Младите”, Ајше Бирсел.  Денот се заокружи  со гала вечер и доделување на награди во Џуниор Ачивмент мрежата. Беа поделени повеќе награди и тоа за: животно достигнување, награда Сораја Салти, награда JA Bold Tech, награда JA Access, JA Alumni Engagement Award, награда JA Activator и награда за засилување на брендот.