Панда лабс џуниор за праведна транзиција – Округла маса и социо-економски совет
Posted on: 08.09.2023Учениците вклучени во Панда лабс џуниор за праведна транзиција, беа дел од симулација на економско-социјален совет и тркалезна маса.
Низ истражување и тимска работа, младите бараа решенија и предлагаа активности, преку кои можат да се вклучат во процесот на праведна транзиција во нивната заедница.
На тркалезната маса, каде учествуваа и претставници од општина Струга, ЕКОС и МАЦЕФ, учениците подетално се запознаа и разговараа за децентрализација на процесот на декарбонизација.