Програма за Проектен Менаџмент – јануари 2022 – август 2023

Posted on: 30.08.2023

Како нова компонента во рамки на Програмата за ученички компании, ЏА Македонија го вклучи и модулот за проектен менаџмент, достапен за сите ученици вклучени во нашите активности. Од јануари 2022 до август 2023 година се вклучија над 600 ученици, а речиси 40 наставници беа обучени за Раководење со проектен циклус.

Програмата поттикнува на размислување и практично разбирање на фазите на еден проект и им помага на учениците и наставниците при нивното работење во ученичките компании. Прашавме дел од вклучените ученици што мислат за програмата и ги замоливме да ги споделат своите впечатоци со нас.

Според Андреј од Скопје: „Програмата не научи како да испланираме, односно успеавме да ги дефинираме нашите цели, временски рамки, ресурси и активности потребни за успешното завршување на проектот. Потоа, научивме да организираме, односно благодарение на овој циклус успеавме да ги распределиме задачите и ресурсите меѓу нас во тимот. Секој сега си ја знае својата улога и одговорност. Научивме како да ги реализираме нашите планови, научивме да работиме на задачите и како да го следиме напредокот на проектот. Научивме како да контролираме, како да го следиме напредокот, да идентификуваме и решаваме можни предизвици и ризици, кои можат да влијаат врз успешно завршување на проектот и како да направиме евалуација на постигнатите цели.“

Михаил од Прилеп смета дека: „Програмата е навистина добро смислена за развивање на претприемничките способности и се вклопува со возраста на ученици од средното образование. Практичните вежби беа супер идеја!“