ПОКАНА за учество на јавен повик 1/ПОМ/2023/ЏА за подготовка и спроведување обуки наменети за граѓански организации – Потпри се на младите
Posted on: 29.08.2023Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани правни лица да учествуваат во отворениот повик за подготовка и спроведување на 4 (четири) дво-дневни обуки наменети за поддршка на организациите, корисници на грантови [1] за имплементација на младински иницијативи во рамки на проектот „Потпри се на младите“. Обуките имаат за цел да обезбедат правилно управување и успешно спроведување на планираните цели и активности. Обуките ќе опфатат 4 теми и тоа: раководење со проекти (проектен циклус) ; финансиско и административно раководење на проекти финансирани од ЕУ; стратешко планирање; и мобилизација на ресурси/фондови. Секоја од четирите теми е предвидено да се спроведат во поединечни дво-дневни обуки. Предложените теми се дефинирани согласно заклучоците од спроведениот прашалник за потребите за обука на граѓанските организации, корисници на грант добиен во рамки на проектот „Потпри се на младите“.
Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“. Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е септември – декември 2023 г.
Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1).
Тендерската документација е во прилог и вклучува:
- Прилог 1. Опис на надлежности
- Прилог 2. Листа на доверливи информации (образец)
- Прилог 3. Изјава за независна понуда (образец)
- Прилог 4. Преглед на реализирани обуки (образец)
- Прилог 5. Организација и методологија за обезбедување на очекуваните услуги (образец)
- Прилог 6. Финансиска понуда (образец).
Рокот за доставување на понудите е 13.09.2023 г.
Заинтересираните понудувачи во својата понуда, покрај пополнетите обрасци наведени погоре
потребно е да достават и CV (кратка биографија) за предложените експерти за испорака на
бараните услуги/обуки.
Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2023/ЏА“ на е-маил info@jamacedonia.mk.
Тендерската постапка се спроведува во рамки на проектот „Потприсе на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.
[1] Избрани грантисти на повиците за финансиска поддршка на младински иницијативи/акции спроведени од страна на Македонска Развојна Фондација за Претпријатија во име на проектот „Потпри се на младите“– Акција за подобрен просперитет, социоекономски развој и иновации, насочена кон потребите на младите во руралните општини во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион.