Втора Регионална конференција, во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“

Posted on: 22.06.2023

Од 14 до 17 јуни 2023 година, ЏА Македонија беше домаќин на втората Регионална конференција, во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“. Учесници на настанот беа ученици, наставници и претставници на партнерските организации од С. Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Конференцијата беше посветена на активности, заклучоци и препораки, кои произлегоа од имплементацијата на проектот, како и регионално вмрежување на млади и градење на мрежата млади Панда лабс иноватори.