Работилница „Како до совршено CV?- со Алумни клубот на Џуниор Ачивмент Македонија

Posted on: 05.06.2023

Џуниор Ачивмент Македонија Алумни одржа работилница „Како до совршено CV?“,  на која се претставија најдобрите начини како да се напише CV и да се претстават сите вештини и знаења во еден документ. На присутните им беше претставено како со употреба на Europass и без многу труд да креираат совршено CV, но и мотивационо писмо. Исто така беа претставени неколку правила кои треба да се избегнуваат при пишуавње на CV, за да може да се постигне позитивен впечаток кај работодавачите.