„Студентско модно шоу – Кукли што зборуваат“ – успешна приказна за управување со проекти

Posted on: 03.05.2023

По спроведувањето на Програмата за управување со проекти во рамките на активностите на Ученичката компанија, Снежана Бошковска, наставник од гимназијата Никола Карев од Скопје, беше мотивирана да организира и реализира проектна активност со своите ученици, следејќи ги чекорите опишани во модулот за управување со проекти.

„Модулот за управување со проекти ме инспирираше да се обидам да ги применам практичните вежби и научените лекции, во изготвување на мини проект со моите студенти. Една од целите беше да се поттикне креативноста и да се создаде атмосфера каде што студентите ќе се чувствуваат удобно, инспирирано да размислуваат поинаку и да бидат иновативни.“ – вели Снежана.

Снежана, заедно со уште неколку професори и 35 ученици, добија одлична идеја да организираат модна ревија, прикажувајќи ги матурските фустани на нивните  мајки од 90-тите, а сето тоа да биде поткрепено со музика и стил.

„По долго размислување и дискусија, решивме да организираме проектна активност наречена „Студенска модна ревија – Кукли што зборуваат“. Студентите, инспирирани од модниот стил и музика од 90-тите, сакаа да реализираат ревија на писта и да и на тој начин да оддадат почит кон културата од 90-тите. Следејќи ги чекорите во модулот, моите студенти започнаа со планирање и извршување на проектната активност. На секој ученик му беше доделена специфична улога, без разлика дали тоа беше комуникација со засегнатите страни, промоција на настанот, собирање фустани и накит, фризура и шминка, манекенство, производство од зад сцената итн. Специјална задача за секој учесник беше да сподели реченица која содржи мудрост,  за да послужи како совет за идните генерации. Сето ова им овозможи на студентите да го применат стекнатото знаење и практично да поминат низ фазите на проектен циклус“.

На 27 април, во холот на училиштето се одржа модна ревија, пред публика составена од наставници, ученици, родители и локалната заедница. Учениците и професорите целосно беа вклучени во бекстејџ продукција, во изготвувањето на  фризура и шминка, како модели итн. На крајот од проектот дел од фустаните беа донирани во хуманитарни цели.

„Студентско модно шоу – Кукли што зборуваат“ беше несекојдневно и успешно искуство кое ги надмина очекувањата на сите учесници. Организацијата и подготовката беа детално и внимателно испланирани, а настанот создаде позитивна и забавна атмосфера за целото училиште. И што е најважно, моите студенти уживаа во секоја секунда од тоа! Со нетрпение очекувам да организирам слични активности и настани од ваков вид во иднина“. – наведува Снежана.

Постер изработен од студентите, како промотивен материјал за настанот: