Камп на иновации – 15-16 февруари 2023, Скопје

Posted on: 15.02.2023

Џуниор Ачивмент Македонија на 15-16 февраури 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. Кампот е дизајниран околу одредена и реална индустрија или сектор и бизниси поврзани со технологија.

На учениците им беше претставена задачата, по што беа поделени во тимови од кои се бара да најдат решение на поставениот бизнис предизвик Тие треба да навлезат длабоко во проблемот, да научат за индустријата и да смислат креативно решение за задачата.  Стручното жири имаше навистина тешка задача да ги одбере најдобрите. Овој натпревар има за цел да им овозможи на учениците да се запознаат меѓусебно на модерен начин на работа и да ги мотивира да размислуваат проактивно и да ги реализираат своите идеи.