Регионална конференција во Подгорица, Црна Гора

Posted on: 14.02.2023

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од регионална конференција за наставници во Подгорица, Црна Гора.
Главната цел на конференцијата беше да ги запознае наставниците и едукаторите од БИХ, Србија, Црна Гора и С. Македонија со иновациите во образованието, особено во традиционалните образовни системи, но и бројните предизвици кои доаѓаат со нив. Покрај нас, посебен акцент за програмата за ученички компании дадоа и Џуниор Ачивмент членките од Црна Гора, Србија и Австрија. ЏАМ на конференцијата зема учество со уште три наставници од нашата мрежа од наградени средни училишта.