Посета на Џуниор Ачивмент Србија – 06-09 февруари 2023

Posted on: 10.02.2023

Од 6 до 9 февруари ја посетивме нашата ментор организација Џуниор Ачивмент Србија.

Со ученичката компанија „Мидори“, посетивме неколку организации кои го поддржуваат претприемништвото, но и иновациите, науката и дигиталните технологии во Белград При посетата во Нордеус, Дигитална Србија, Центар за Наука од одговорните лица, директори, меркетинг и ИТ вработени во компаниите, слушнавме за тоа како започнале со компаниите, совети за креативно размислување и генерирање бизнис идеи и можности за идно вработување во Србија. Претставници од алумни клубот на ЏА Србија, постојано беа заедно со тимот а време на студиската посета и им го дополнија времето со интересни содржини за учење и дружење, како и им споделија интерeсни идеи и можности за патувања во мрежата на ЏА Европа.