ИЗБОР НА НАЈПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

Posted on: 26.01.2023

Оваа учебна 2022/2023 година, повторно сакаме да ја препознаеме и наградиме работата на сите оние кои се вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија и да избереме најпретприемничкото училиште. За таа цел распишуваме конкурс за избор.  

Кој може да учествува на конкурсот? 

На конкурсот може да учествуваат сите средни училишта, во кои се спроведува Програмата за ученички компании на Џуниор Ачивмент Македонија. 

Критериуми за избор: 

Избор на најпретприемничко училиште се прави секоја учебна година и во останатите земји членки на Џуниор Ачивмент Европа, според однапред определени критериуми, кои се во согласност со стратегијата на Европската унија за зголемување на креативноста и иновативноста, вклучувајќи претприемништво на сите нивоа на образование и обука.

Прогласувањето на победникот ќе биде во рамки на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија, за учебната 2022/2023 година. 

Џуниор Ачивмент Македонија е дел од најголемата глобална мрежа Џуниор Ачивмент (JA Worldwide), која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Преку врвни обуки за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, Џуниор Ачивмент Македонија создава можности за вработување и нови работни места.  

Мисијата на Џуниор Ачивмент за инспирација и подготовка на млади луѓе за успешна економија на земјата, е во согласност со една од главните политички насоки на Европската комисија дека „Секој млад човек треба да има практично претприемничко искуство пред да си замине од задолжителното образование“ . Програмата за ученички компании е признаена од Европската комисија како „најдобра пракса во претприемничкото образование“.