Промоција на наставно помагало – Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик – 02 ноември 2022

Posted on: 03.11.2022

Поради големиот интерес за програмата од наставниците од албански наставен јазик, ЏА Македонија организираше заедничка средба за промоција на наставно помагало Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик онлајн на 2 ноември 2022 год. Прирачникот е вовед во програмата за ученички компании и овозможува практично искуство на учениците со цел развивање на компанија, но и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиска контрола.

За време на средбата освен наставнато помагало беа презентирани и актуелните повици и програми на Фондот за иновации и технолошки развој кои се наменети за средните училишта и наставниците.