Промоција на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ во регионот со јаглен Битола

Posted on: 07.03.2022

Tимот на Џуниор Ачивмент Македонија оствари средба со градоначалникот, д-р Тони Коњановски и претставници на општина Битола и беше потпишан Меморандум за соработка и меѓусебна промоција и поддршка во спроведување на проектните активности во средните училишта и универзитетите во битолскиот регион.

По претставувањето на проектот, општината изрази интерес за учество на настани, работилници и натпревари, како и на конференцијата организирана со партнерите WWF Бугарија, WWF Адрија Србија, Џуниор Ачевмент Бугарија и Еко-тим од Црна Гора, во втората година од проектот.

„Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ беше претставен и пред наставниците од средните училишта во Битола, меѓу кои СОТУ Ѓорѓи Наумов, ОСМУ Д-р Јован Калаузи, СОЕУ Јане Сандански, СОУ Јосип Броз – Тито и СОУ Таки Даскало, кои искажаа голем ентузијазам за вклучување во проектот и предвидените активности.