Дополнителна обука за наставници за спроведување на програмата Ученичка компанија – 02-03.03.2022, Битола

Posted on: 02.03.2022

17 наставници од 10 средни училишта низ земјава беа дел од обуката за спроведување на програмата Ученичка компанија со нагласок на изработка на компанискиот извештај за претстојниот Национален натпревар на Ученички компании.

Преку интерактивни вежби наставниците работеа на маркетинг страгии, анализи на пазарот, процес на производство и финансиско работење.

Се надеваме дека со помош на оваа обука наставниците ќе се охрабрат целосно да го комплетираат процесот на имплементација на програмата за Ученички компании, преку учество на Нациналниот натпревар на ученички компании.