Претставување на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ на обуката за наставници на тема Зелени бизниси

Posted on: 20.12.2021

Проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ беше промовиран на обуката за Зелени бизниси организирана од Џуниор Ачивмент Македонија. Наставниците од различни градови од државата и тимот на проектот, дискутираа за потребата од вклучување на темите поврзани со климатски промени, праведна транзиција, иновациите и зеленото претприемништво во курикулумот за учениците во средните училишта.