Повик за избор на обучувач за спроведување на обука за наставници од средно образование 

Posted on: 12.11.2021

Џуниор Ачивмент Македонија во рамки на проектот “Поддршка за претприемничко образование во Европа и Евроазија”, финансиски поддржан од УСАИД и ФИТР, распишува отворен повик за избор на обучувач за спроведување на обука за наставници од средно образование на тема социјално претприемништво.  

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на наставниците во спроведување на програми за претприемничко учење, кои ќе им овозможат на младите луѓе да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини.  

Обуката за наставници треба да им овозможи продлабочени знаења и вештини на тема социјално претприемништво. 

Преку вовед во фундаментални прашања и терминологија на социјално претприемништво, наставниците ќе се запознаат со социјален бизнис модел, начини на вклучување на социјално претприемништво во училишни активности и начини на поддршка на училишни социјални претпријатија. 

Содржината на обуките е препорачливо да содржи примери и студии на случај, видеа, материјали, новини и трендови. 

Обуката треба да овозможи наставниците да работат во мали групи, каде ќе имаат можност за дискусија во однос на областите од темата. 

Најпосакуван резултат е наставниците по завршените обуки да умеат да ги пренесат стекнатите знаења на учениците вклучени во ученичката компанија. Поттикнувајќи социјално претприемништво и нови проекти, тие заедно со учениците ќе може понатаму да работат на развивање на производ или услуга поврзани со решавање на некој од горливите проблеми во општеството.  

Планираната обука ќе се одржи со физичко присуство, во периодот од 15-ти декември 2021 до 31-ви март 2022 година, во договор со извршната канцеларија на Џуниор Ачивмент Македонија и наставниците.  

Доколку дојде до заострување на мерките за заштита од Ковид-19, обуката ќе биде одржана по дигитален пат (онлајн) на некоја ИТ платформа. 

Успешниот кандидат треба да ги исполнува следните критериуми: 

  • Да има релевантно знаење и искуство во областа на социјално претприемништво 
  • Да има најмалку 5 години професионално искуство во спроведување обуки  
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува 

    Постапка за изразување интерес: 

    Со цел да се пријавите за обучувач, треба да испратите: 
  • Предлог програма за дводневна обука (со физичко присуство) за наставници  (теоретски и практичен дел); доколку обуката се одржува онлајн, предлог програмата ќе биде адаптирана на тродневна обука. 
  • Финансиска понуда изразена во нето сума и 
  • CV и три препораки/референци од слични работни ангажмани за одржани обуки на темата.  

Рок за пријавување на отворениот повик е до 2ри декември 2021 година, 16:00 часот. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на info@jamacedonia.mk.  

Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: info@jamacedonia.mk  до 22-ри ноември 2021 година

Изборот на обучувач ќе бидее направен една недела од завршување на крајниот рок за пријавување, врз основа на претходно утврдени критериуми за оценување, по што ќе следи работна сесија за подготовка на обуката со извршната канцеларија на ЏА Македонија.  

За нас 

Џуниор Ачивмент Македонија спроведува образовни програми во средните училишта низ земјата. Преку врвни обуки, за подготовка за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, создава патеки за вработување и создава нови работни места