Women and Girls in STEM Forum – 28.10.2021

Posted on: 29.10.2021

На 28 октомври, ЏА Македонија беше дел од Women and Girls in STEM Forum, настан кој имаше за цел да обедини креатори на политики, лидери од индустријата и ученици, со цел унапредување на европската агенда за родовата еднаквост во СТЕМ едукацијата и кариерата. На првиот настан од овој тип, кој беше организиран од проектот Girls Go Circular, во соработка со Европската комисија и Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC), се дискутираше и за предизвикот за елиминирање на родовата пристрасност од претприемничките, дигиталните и дисциплините поврзани со СТЕМ и инспирираше идни акции на ЕУ на овие теми.

Истовремено, се прослави и учеството на илјадници девојчиња и момчиња во иновативната програма за учење на Girls Go Circular и им понуди можност за поврзување со инспиративни ментори и размена на искуства со своите врсници.