Меѓународен натпревар The World Food Day (WFD) Foodathon- 13-15 октомври 2021

Posted on: 18.10.2021

Тим ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, беше дел од меѓународниот натпревар The World Food Day (WFD) Foodathon! Онлајн натпреварот, кој се одржа од 13ти до 15ти октомври, а е организиран од JA Europe и EIT Food, со поддршка на UN FAO и на него учествуваат млади талентирани ученици од Европа и Африка.

На дводневниот хакатон на иновации и креативност, кој цели да реши специфични предизвици од областа на агрокултурата и храната и кон нова генерација бизнис идеи, учениците од мрежата на Џуниор Ачивемнт Македонија бea во тим со ученици од Џуниор Ачивмент Замбија.

Фудатонот се фокусира на следните предизвици:

ПРЕДИЗВИК 1 – Загуби и/или отпад од храна (Food losses and/or waste): Овој предизвик цели кон развивање изводливо и реалистично решение (производ или услуга) за намалување на отпадот од храната во текот на производството, во синџирот на снабдување и од страна на потрошувачите.

ПРЕДИЗВИК 2 – Агрокултура 4.0 или Прецизна агрокултура (Agriculture 4.0 or Precision Agriculture) – кој има за цел да се развие изводливо и реалистично решение (производ или услуга) за оптимизирање на ресурсите со употреба на дигиталната технологија која се применува во агрокултурата.

ПРЕДИЗВИК 3 – Здрава исхрана и превенција од незаразни болести (Healthy Nutrition and Prevention of Non-Communicable Diseases) – овој предизвик, како и самиот наслов, има за цел да се развие изводливо и реалистично решение (производ или услуга) за да се придонесе кон здрава исхрана и превенција на незаразни болести.