Обука за наставници за спроведување на програмата Ученичка Компанија – 6-7-8 октомври 2021

Posted on: 09.10.2021

22 наставници од 15 средни училишта од 9 градови од Битола, Виница, Гостивар, Демир Хисар, Крушево, Неготино, Прилеп, Скопје и Штип беа дел од 3-дневна онлајн обука за спроведување на програмата Ученичка Компанија на 6ти 7ми и 8ми октомври 2021.

Обуката беше спроведена од двајца сертифицирани обучувачи на динамичен и интерактивен начин, полн со информации и содржини кои придонесуваат за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничко образование и како да се користи во наставниот процес.

За време на обуката наставниците се запознаа со чекорите кон основање ученичка компанија, креирање бизнис план, организациска структура, маркетинг микс, финансиска и SWOT анализа. Дополнително на учесниците им беше презентираната новата усвоена  Програмата на ученичка компанија на Џуниор Ачивмент,  УЧЕНИЧКА КОМПАНИЈА – ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРАКТИКА ЗА МЛАДИ, во предмет содржини програмирани од училиштето, за III година за сите струки/сектори и образовни профили/квалификации, со фонд 72 часа.