JA Europe и Johnson & Johnson – Онлајн Камп на иновации 12-13 ноември 2020

Posted on: 15.11.2020

Johnson & Johnson и JA Europe организираат Онлајн камп на иновации (12-13 ноември 2020 година) за група талентирани млади ученички на воздраст од 16-18 години, кои доаѓаат од училиштата на на мрежата на Џуниор Ачивмент ширум Европа.  
Оваа возбудлива иницијатива се фокусира на иновации, дигитални вештини и теми поврзани со здравјето, со цел да обезбеди нови и креативни решенија за справување со нарушувањето предизвикано од КОВИД-19 во различни сектори на нашето општество. Натпреварот ќе се одржи во 2 сесии, секоја со времетраење од 3 часа. Предизвикот со кој ќе се соочат малдите ученички е со цел да се создадат предлог-решенија кои би помогнале во справување со слабостите во здравствениот и образовниот сектор како последица од  кризата со COVID-19.   Најдобрите 10 тима ќе бидат избрани да учествуваат во Ј&J онлајн камп на иновации. Сите учеснички ќе бидат поканети да бидат дел од кариерен разговор со вработените од Johnson&Johnson.  
Натпреварот ќе се одржи во склоп на DigiEduHack2020, серија на онлајн и офлајн хакатони што се случуваат низ целиот свет истовремено и се фокусирани на креирање на иднината на образованието во дигиталната ера. DigiEduHack 2020 е организиран страна на Европската комисија.   Победниците на Ј&J онлајн иновативниот камп ќе имаат шанса да се натпреваруваат на Европско ниво заедно со други DigiEduHack победнички.