Вебинар на тема: Претприемничко образование им помага на младите да успеат во глобалната економија 11.11.2020

Posted on: 11.11.2020

Со особено задоволство ве каниме да бидете дел од ТРЕТИОТ вебинар во рамки на онјлајн конференцијата „Забрзан раст на претприемничкото образование“ на 11 ноември 11-13 часот, насловен „ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ИМ ПОМАГА НА МЛАДИТЕ ДА УСПЕАТ ВО ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“ Вебинарите се дел од проектните активности во рамки на “Поддршка на претприемничко образование во Европа и Евроазија” поддржано од USAID, Фонд за иновации и технолошки развој, Џуниор Ачивмент Европа и Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија.